Што е добро кратко трае знај,
Но нашево нема да престане.
Само сакај ме, биди до мене
После сè што ние двајца поминавме.
Рефрен:
Ако има надеж, ако има трошка надеж
Ко првиот ден да сме јас и ти.
Ако има надеж, да се роди нова надеж
ќе бидеш до мене љубов ти. (2x)
По лицето траги од маскара
И талог од кафе остана,
Таа горчина што ме убива,
Можеш да ја замениш со насмевка.
Рефрен:
Ако има надеж, ако има трошка надеж
Ко првиот ден да сме јас и ти.
Ако има надеж, да се роди нова надеж
ќе бидеш до мене љубов ти. (2x)